28/03/2024
ОхридСпорт

Во недела во Охрид ќе се одржи Хуманитарен турнир „Сите играме за Јане“

Охрид повторно хуман … со нов настан Сите играме за Јане… но со стара цел Подигнување на свеста за постоењето на ретките болести Да ја дадеме нашата поддршка лекот СПИНРАЗА да се внесе во регистарот на лекови за ретки болести. Животот е сложувалка… ајде да ја составиме заедно…

Во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, во недела (10.12.2017), со почеток во 11:30 часот ќе се одржи Хуманитарен турнир во ракомет и фудбал – „Сите играме за Јане“.

Целта е да му се помогне на 9 годишниот Јане Велковски од Скопје, кој е едно од ретките деца кои боледуваат од спинална мускулна атрофија.

Во знак на поддршка на Јане ревијално ќе играат млади фудбалери и ракометари од Охрид, но и претставници на Локалната самоуправа, политичари, уметници, спортисти и други јавни личности.

Во рамки на забавната и музичка програма ќе настапат Ѓоко Танески, Камелеон, Петар Маркоски, а своја точка и придонес во оваа хумана мисија ќе дадат и танчерите од Студиото за танц „Соната“ од Охрид.