Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи предавање за значењето на таблицата на Менделеев

Светот оваа година одбележува значаен јубилеј – 150-години од откривањето на Периодниот систем на хемиските елементи од страна на рускиот научник Дмитриј Менделеев.

Во негова чест УНЕСКО ја прогласи 2019 година, за година на Периодниот систем на Менделеев. Одбележувањето на овој јубилеј започна во јануари со голема свеченост во седиштето на УНЕСКО во Париз, а продолжува во текот на годината ширум светот со различни манифестации.

Кон одбележувањето се придружуваат и НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид. По тој повод денеска – петок 22 март во 12:00 часот, во Библиотеката предавање за значењето на таблицата на Менделеев ќе одржи проф. д-р Велимир Стојковски.