18/04/2024
Охрид

Во Охрид ќе се одржи Базична обука за детски права наменета за новинари и уредници

Во Охрид ќе се одржи Базична обука за детски права, наменета за новинари и уредници од различни медиуми. Обуката ќе се одржи во периодот од 21-24.12.2017 година во Хотел Белведере- Охрид.

Иницијалната обука за детски права е само една од планираните активности во рамките на на проектот „Да ги земеме правата во нашите раце“, што Првата детска амбасада во светот Меѓаши започна да го спроведува од 01.08.2017 година, финансиски поддржано од Save the children- Kosovo.

Обуката има за цел да формира обучена група на новинари кои што подоцна со поддршка на Правата детска Амбасада Меѓаши ќе креираат Кодекс за известување на случаи каде што децата се жртви, сведоци или сторители на насилство. Во следните години, по финализацијата на кодексот, истиот ќе биде дистрибуиран до новинарите кои што известуваат вакви стории, до медиумите и до главните уредници.

Дел од обуката ќе биде посветен на потребите на новинарите за подобро известување кога станува збор за случаи на насилство врз деца или кога децата се сторители на насилство, следејќи ги потребите за заштита на децата и нивните права. Се очекува дека со овие обуки ќе се помогне во намалувањето на штетите кои понекогаш им се нанесуваат на децата жртви, сторители или сведоци на насилство како и надминување на предрасудите, стереотипите и говорот на омраза.

Обучувачи ќе бидат: Блерим Јашари,  Зоран Иванов и Лилјана Илиевска.