28/03/2024
Спорт

Во Охрид ќе се одржи Државното првенство во шах за основни и средни училишта

На 30 Ноември, во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ Охрид со почеток во 10:30 часот, ќе се одржи Државното првенство во шах за Основни и Средни училишта за 2018 година.

Организатори се Федерацијата на училишен спорт на Македонија, со подршка од Шаховска Федерација на Македонија, Сојузот на училишен спорт на Охрид и Шаховски Клуб „Ласкер“ Охрид.

Државно првенство во шах за основни и средни училишта