Во Охрид ќе се одржи Меѓународен турнир во кошарка организиран од КК Колибри
Во Охрид ќе се одржи 4 (четвртиот) по ред Меѓународен турнир во кошарка – Охрид 2025 организиран од кошаркарскиот Клуб Колибри – Охрид.
Меѓународниот турнир во кошарка е предвиден за девојчиња и момчиња, генерации М10, М12, М14 и М16 од 10 (десетти) до 13 (тринаесетти) Јуни 2025 во спортската сала „Билјанини Извори“ – Охрид.
„КК Колибри, е кошаркарски клуб од Охрид кој оваа 2025 година бележи 22 година постоење. Во нашето досегашно работење се етаблиравме како претпознатлив и плоден расадник на кошаркарски таленти – играчи на локално, државно и светско ниво.
Започнавме локално, па државно, а сега сме интересни за цел регион. На турнирот ќе настапат 12екипи во предвидените натпреварувачки генерации, нешто повеќе над 300 деца.
Посебна чест и задоволство ни претставува што честа овој турнир да го отвори ја има Градоначалникот Др. Кирил Пецаков и почесниот Конзул на Р.Србија во Македонија – Г-дин Михајло Филев. Свеченото отворање е закажано на 10.06.2025 во 18:00 часот во Спортската Сала „Билјанини Извори“.“ – информираат од КК Колибри.
Учесници на овој турнир се екипи од Р.Србија, Р. Црна Гора, Р.Албанија и Р. С. Македонија.
1. КК БУДВА БАСКЕТ 2013 ОД БУДВА, Р.ЦРНА ГОРА
2. КК ЛИДЕРС – ТИРАНА, Р. АЛБАНИЈА
3. КК ИНВАРДЕРС –ТИРАНА, Р. АЛБАНИЈА
4. КК ОЛ СТАРС – ПРИЛЕП, Р. С МАКЕДОНИЈА
5. КК ПАНТЕР – НИКШИЧ, – ЦРНА ГОРА
6. КК МБА – КРАГУЕВАЦ, Р.СРБИЈА
7. КК ГОСТИВАР 2010 – ГОСТИВАР, Р. АЛБАНИЈА
8. КК ЦРН ДРИМ СТРУГА
9. Д ВОЛВС – КОРЧА Р. АЛБАНИЈА
10. ЖКК СТРУГА 2009 Р. С МАКЕДОНИЈА
11. ЕЛИТЕ БАСКЕТ ТИРАНА Р. АЛБАНИЈА
12. ДОМАЌИНОТ КК КОЛИБРИ
WebOhrid / 05.06.2025 / КК Колибри