07/03/2026
Охрид

Во Охрид одбележан Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на општина Охрид и Секторот за внатрешни работи Охрид во координација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот го одбележа 16-ти Ноември, „Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди”.

На главните сообраќајници во Охрид, Бул. „Туристичка“ и Бул.„Железничка“, на возачите им беа поделени превентивно-едукативни летоци со порака секој да се присети на вредноста на човековиот живот и почитувањето на сообраќајните правила и прописи. Исто така, учесниците во сообраќајот беа информирани за бројот на жртви и повредени на годишно ниво од сообраќајни незгоди, во нашата држава и во светот.

Статистички на светско ниво во 2024 година околу 1,35 милиони лица се загинати во сообраќајни незгоди, додека над 50 милиони лица биле повредени. Во Македонија во 2024 година 142 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди, додека 7.156 лица биле повредени.

Целта на спроведената активност е да се зголеми свеста за одговорно и безбедно возење со што ќе се даде придонес за намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди.