28/03/2024
ОхридРеклами

Во Охрид отворен нов продажен салон на Рондо Трејд, за кафе и филтри за прочистување на вода

Денес беше отворен новиот продажен салон на Рондо Трејд во Охрид, за кафе и филтри за прочистување на вода. Продажниот салон се наоѓа на булеварот „Туристичка“ (мала скалеста) до Сава осигурување.

„Ексклузивен увозник сме на фирмата Gorizziana од Италија за програмата San Giusto, нудиме комплетни решенија за ресторани, кафетерии, хотели, од различни модели на кафе, широк избор на еспреса. Сега за сега ова е прв продажен салон во Охрид, застапници сме за цела Македонија. Исто така, програма за филтрирање на вода, најсовремени системи за филтрирање на вода, реверзна осмоза, омекнувачи на вода, како за домашна употреба, така и за угостителски објекти. Фирмата за филтри за вода се вика Energy Water од Солун, Грција, системи за филтрирање на вода по највисоки стандарди. – изјави Вангел Спироски, управител на Рондо Трејд – Охрид.

Спироски вели дека фирмата Рондо Трејд нуди комплетно решение за ресторани, кафетерии и хотели со апарати, филџани, шеќер, бесплатен сервис, само да се користат нивните продукти.

Салонот ќе работи секој работен ден, од понеделник до петок од 10:00 до 17:00 часот, додека пак во сабота ќе биде отворен од 10:00 до 15:00 часот.

WebOhrid