24/04/2024
ОхридСтруга

Во Охрид регистрирани осум прекршоци за неправилно престигнување, Струга петнаесет

СВР Охрид на 26.12.2020, реализира акциски сообраќајни контроли при што полициските службеници во Охрид регистрирале осум прекршоци за неправилно престигнување. На подрачјето на Струга регистрирани се 15 прекршоци непрописно престигнување. При акциската сообраќајна контрола во Кичево, полициските службеници затекнале 3 возила кои вршат непрописно престигнување, а во Дебар забележани се две такви престигнувања, односно вкупно 28 вакви прекршоци на територија на СВР Охрид.