20/06/2025
Охрид

Во Охрид се одржа Форумот за земјоделска политика (APF) 2025

Форумот за земјоделска политика (APF) 2025 се одржа во Охрид, Северна Македонија, од 3-ти до 4-ти јуни 2025. Истиот, обезбеди платформа преку која се утврија процесите и развојот на форумот, се разгледаа политичките и организациски прашања како и постоечките предизвици и можности за развој на земјоделството и руралниот развој во Југоисточна Европа (ЈИЕ).

На форумот се состанаа, експерти, креатори на политики, владини и невладини организации, претставници на земји членки на ЕУ и на меѓународни организации. Во фокусот беа, ЕУ интеграцијата, Зелената Агенда за Западен Балкан (GAWB) и климатските промени. Форумот овозможи содржаен преглед на регионалната земјоделска политика во контекст на европската интеграција и соработка.

Форумот за земјоделска политика 2025 се одржа под заедничко покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија и Постојаната Работна Група за Регионален Рурален Развој (SWG) во Југоисточна Европа (ЈИЕ).

Учесниците на Форумот за земјоделска политика 2025 се особено благодарни за обезебедената подршка од страна на партнерските организации: Европска Комисија (Генерален Директорат за Земјоделство и Рурален развој), Германска Влада (Федерално Министерство за земјоделство, храна и регионален идентитет – BMLEH, Федерално Министерство за еконмска соработка и развој – BMZ и Германска Агенција за Интернационална Соработка – GIZ).

На форумот, зеднички и согледано од повеќе аспекти се посвети внимание на комплексните климатски предизвици со кои се соочува земјоделството и руралниот развој во Југоисточна Европа, со цел да се изгради отпорно, одржливо, но и инклузивно производство на храна во регионот. Врз таа основа, е срочена и агендата на форумот за земјоделска политика, АPF “Ohrid Agenda 2025” која истакна одреден повик за акција и препораки. Форумот елаборираше и се осврна на следните теми:

  • ЕУ интеграција и усогласување на политиките
  • Зелена Агенда за Западен Балкан
  • Адаптација кон климатските промени (CCAA)
  • Органско земјоделство
  • Земјоделски Политички Дијалог (APD)
  • Декларација – Скопје 2024

Форумот ја потврди посветеноста кон целите поставени со Декларацијата од Скопје од 2024-та (2024 Skopje Declaration), со која се постави заедничката визија за одржливо земјоделство за Западен Балкан. Клучните приоритети на Декларацијата вклучуваат:

  • Силна посветеност кон ЕУ интегративниот процес и целосно усогласување со европското законодавство до 2030,
  • Одлучност во разрешувањето на билатерални или мултилатерални спорови поврзани со слободниот проток на добра, услуги, луѓе и капитал во земјоделското производство и трговија.
  • Напредок во системите за знаење и иновации во земјоделството (AKIS).
  • Поддршка на генерациската обнова преку развој на политика за млади.
  • Промоција на инклузивен рурален развој и економска диверзификација.

Форумот исто така ги зеде во предвид и заклучоците од Берлинскиот процес – 2024 Berlin Process Chairmanship во врска со земјоделството и руралниот развој и го поздрави зголеменото политичко признавање на секторот како стратешки столб за безбедност, интеграција во ЕУ, економски развој и еколошка одржливост во Западен Балкан.

Во овој контекст, Форумот ги повикува сегашните и идните претседателства на Берлинскиот процес да одржат високо ниво на политичко и техничко внимание кон земјоделството и руралниот развој.

#APF2025 #SeeRuralBalkans