29/03/2024
Охрид

Во Охрид се одржува првиот летен едукативен камп по физика

Деновиве во хотел Аквалина, се одржува Првиот летен едукативен камп по физика. На кампот учествуваат ученици од осмо и деветто одделение од целата држава, во најголем број ученици што учествувале на натпреварите по физика. Учесниците на кампот имаат можност да изведуваат експерименти, да истражуваат, да решаваат проблемски задачи, да го набљудуваат ноќното небо со телескоп, да спортуваат, пливаат и другаруваат.

„На кампот преовладува работна и пријатна атмосфера, учениците работат во групи и индивидуално, ги презентираат резултатите од нивните мерења и истражувања. Од расположението на учениците, нивната ангажираност и пристап кон активностите можеме да заклучеме дека тие уживаат во едукативниот, забавниот и спортскиот дел кои се обеднети во дружење со наука, физика и експериментална работа.“- велат од Друштвото на фичичари.

Кампот го организира Друштвото на физичари на Р. Македонија (ДФРМ) и планира да премине во традиција.

„Вакви слични активности ДФРМ организирало и во минатото, како дел од Школата „Млади физичари“. Тоа било до почетокот на деведесетите години од минатиот век,и еве после 20 години можеме да се пофалиме со повторно заживување на ваквите активности, секако современи и адекватни на барањата на актуелното време!“ – додаваат оттаму.