29/03/2024
Охрид

Во Охрид започнува регионална школа за безбедност 2018

Во Охрид од денес започнува повеќедневната Регионална летна  школа за безбедност на тема „Идентитет, миграција и новата безбедносна агенда на Европската унија“, во организација на Факултетот за безбедност Скопје, Фондацијата „Конрад Аденауер“, Вилфред Мартенс центарот за европски студии и Центарот за истражување и креирање политики на која професори и студенти ќе партиципираат од Република Македонија, Република Грција, Република Бугарија и Република Србија.

Во рамки на школата покрај теориски-практичниот дел има и показна симулативна вежба за прифат на мигранти кои ја организираат Црвениот крст на Република Македонија и МВР.

Регионалната школа за безбедност ќе понуди предлози за размена, соработка и зајакнување на довербата меѓу професорите, студентите и практичарите од земјите од регионот опфатени со миграциската криза: Македонија, Грција и Бугарија, воедно ќе се испитаат тесните грла за соработка, координација и спроведување на безбедносна политика и стратешките насоки за миграцијата, како и безбедносната политика на Европската унија и политиката за мигранти.

Кризата со мигрантите откри недостаток на координација и комуникација меѓу соседните земји, бавни понекогаш и неефикасни политики, како и одговор од страна на Европската унија. Ова доведе до потреба од Регионалната школа за безбедност преку која ќе се подобри соработката, чекор до консултации меѓу земјите по должината на трасата и изградба на прагматична политика и оперативни мерки во Европа и Западен Балкан како понатаму да се справи со бегалците/мигрантската криза.

Тематски области на Регионалната школа за безбедност се: Верскиот радикализам како безбедносен предизвик за Европа и регионот; Управување со движења на бегалци и ефикасна гранична контрола и значењето на соработката и размената помеѓу властите на соседните земји; Политичката стабилност на секоја земја во регионот како предуслов за поефикасно управување со кризи и повеќе успешно справување со заедничките безбедносни предизвици; Предизвици за дипломатија и одржувањето на добрососедските односи за поефикасни за прекугранична соработка и справување со заедничките безбедносни предизвици;

Регионалната школа за безбедност има образовни цели, со јасно дефинирани образовни резултати за студентите. Во исто време ќе бидат организирани работилници и панел дискусии  со кои ќе се овозможи идентификација на проблемите во соработката, координација и спроведување на националната политика за миграција и безбедност, како и миграционата политика и безбедност на Европската унија.

Школата, исто така има за цел да се дефинираат можните решенија и политика, како и потенцијалните оперативни мерки за надминување на предизвиците и подобрување на соработката, координацијата и спроведување на националните цели и ЕУ политики за миграција и безбедност.

Со идентификуваните предизвици и проблеми, како и решенијата студентите, професорите и практичарите ќе излезат во јавноста и ќе бидат презентирани во конечен производ на знаења кои ќе  бидат споделени преку конкретна публикација (збирка на материјали кои ќе се користат во иднина на Универзитетите во рамки на нивните студиски и предметни програми) и ќе има реалните резултати од проектот.