28/03/2024
Охрид

Во понеделник ќе се извлекуваат наградите за оние кои ја помогнаа акцијата „За посреќно детство“

Заблагодарувајќи се на сите оние кои што учествуваа, ја помогнаа и поддржаа овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ информира дека извлекувањето на добитниците на преку 50 награди ќе се изврши во понеделник на 29.10.2018 година во 20:00 часот.

Извлекувањето на наградите ќе може да се следи на следниот линк: https://youtu.be/o9GwppNU5IQ

Подгответе ги учесничките броеви-талончиња што сте ги купиле и следете го извлекувањето на наградите. Доколку биде извлечен бројот на Вашето талонче, истото треба да го приложите во просториите на Црвен крст Охрид за да ја подигнете наградата.

Црвен крст Охрид, дел од собраните средства во хуманитарната спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ во висина од 30.000 денари ќе ги намени за помош во лекувањето на Сара Настеска од Охрид.