25/04/2024
Охрид

Во понеделник „Отворен ден“ во просториите на Центарот за компјутерски обуки на Семос Едукација и Лиго Дигитал

По повод отворањето на Центарот за компјутерски обуки на Семос Едукација и Лиго Дигитал, во понеделник, 27 Ноември 2017 година, ќе се одржи „Отворен ден“, во просториите на центарот, кој е лоциран во мини базарот на „Гранит”, наспроти ОУ „Григор Прличев”, со почеток во 12 часот и ќе трае до 20 часот.

Отворениот ден ќе биде можност слушателите на компјутерските курсеви и заинтересираните да се запознаат со програмата и содржината на обуките, предавачите и можностите за сертифицирање на здобиените знаења.

Инаку, Семос Едукација, после 22 успешни години како лидер во областа на комјутерската едукација во Македонија, за прв пат отвара свој едукативен центар во Охрид. Училиштето нуди можности поединци и групи да се стекнат со знаења, вештини и сертификати од разни области на информатичката технологија, започнувајчи со основна комјутерска писменост, до програмирање, веб дизајн, графички дизајн, компјутерски мрежи и др.