Во понеделник втора епизода од четвртата сезона на „Имровокација“

Во понеделник, 30ти април, во керал сцената на Народен театар Охрид ќе се одигра втората епизода од четвртата сезона на „Импровокација“. Шоуто почнува во 20:00 часот.

Во претставата играат актерите на Народниот Театар од Охрид: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, потпомогнати од Филип Жура и Никола Јосифоски.

Картите се по цена од 150 денари ( и 200 денари на денот на шоуто), а може да се набават во Музичката продавница Зи Зи Топ, или да се резервираат на телефонскиот број 075283066 (11:00-15:00 часот.)