19/04/2024
Охрид

Во рамки на „Црвен тепих на хуманоста“, градоначалникот Пецаков донира хуманитарни пакети

Во рамки на хуманитарната Божиќна акција „Црвен тепих на хуманоста“, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денес донираше хуманитарни пакети.

Оваа акција се организира втора година по ред, каде поради пандемиските мерки и протоколи за заштита наместо традициналните Бадникови поворки на радоста се организира „Црвен тепих на хуманоста“.

„Ваквите настани треба да бидат поттик за поголема хуманост и личен пример за солидарност. Како Локална самоуправа во рамките на своите можности продолжуваме да обезбедуваме помош за ранливите категории на граѓани и да даваме поддршка на ваквите настани.“ – рече Пецаков.