Во сабота ќе се одржи овогодинешното издание на „КанеоФест“

Овој викенд во сабота на 30.06.2018год, по 17-ти пат ќе се одржи фестивалот „КАНЕОФЕСТ“. Оваа година фестивалот ќе се одржи на новиот мини плоштад до ТЦ „Амам“ (наспроти Македонска пошта).

Во една фестивалска вечер, овојпат ќе бидат изведени над 20 новосоздадени македонски песни во правецот на поп и фолк музиката.

Фестивалот е во организација на Телевизија Морис – Охрид, а е поддржан од Општина Охрид.

Специјални гости во ревијалниот дел на фестивалот ќе бидат Охридската група „Камелеон“, како и доаенот на македонската народна песна Наум Бурназ.

Фестивалот започнува во 20:00 часот.