19/04/2024
Охрид

Во сеќавање на поетот и собирач на народно творештво Блаже Тренески

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ја продолжува практиката да одбележува значајни годишнини сврзани со творештвото на роднокрајните автори.

Оваа и следната недела во библиотеката на пригоден начин ќе биде одбележана 87 годишнината од раѓањето на поетот и собирач на народно творештво Блаже Тренески.

Блаже Тренески е роден на 12 октомври 1931 година во село Врбјани а почина на 1 мај 2015 во Охрид.

Во негова чест од среда 3 октомври до петок 12 октомври во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде поставена изложба на 12 книги – дела од овој роднокраен автор кои заинтересираните ќе можат да ги погледаат и прочитаат.

Деновиве на официјалната веб страница и на ФБ страницата на оваа установа ќе биде објавен Преглед на неговото творештво.