Во сообраќајка повреден велосипедист во Охрид

На 05.10.2020 во 12:50 часот било пријавено дека кај крстосницата помеѓу улиците „Гоце Делчев“ и „Никола Петров Русински“ во Охрид се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(28) и велосипед, управуван од Е.С.(96), двајцата од Охрид. Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Охрид.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.