Во сообраќајка повреден жител од Вевчани на регионалниот пат Струга-Дебар

На 24.12.2020 на регионалниот пат Струга-Дебар, на клучката кон струшкото село Долна Белица, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничките автомобили „мерцедес“ со австриски регистарски ознаки, управуван од С.Т.(52) и „опел“ со вевчански ознаки, управуван од С.Ш.(41) од Вевчани. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „опел“, констатирани во Општата болница во Струга, додека малолетно лице-сопатник во истото возило, се здобил со телесни повреди. Извршен е увид.