25/04/2024
Македонија

Во сообраќајка повредени три лица на патот Струга – Дебар

На 31.10.2019 во 06.50 часот на регионалниот пат Струга – Дебар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „пежо“, со струшки регистарски ознаки, управувано од В.Ш.(33) и патничко моторно возило „бмв“, со струшки регистарски ознаки, управувано од А.К.(45), двајцата од с.Велешта, струшко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле В.Р.Ш. и сопатникот – малолетник од истото возило, а со телесни повреди се здобил А.К., по што биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ – Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.