24/04/2024
Охрид

Во сообраќајка во Охрид повредена 56 годишна жена

На 19.09.2018 година во 13:15 часот на крстосницата на улица „Васил Главинов“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Баотијан“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.С.(56) од Охрид и патничко возило „Фиат Добло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(71) од Охрид.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Д.С., која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во болницата „Св.Еразмо“. Увид на местото извршила извршила екипа од СВР Охрид.