18/04/2024
Струга

Во Струга ќе се дискутира за родовата нееднаквост и предизвиците со кои се  соочуваат жените во професионалниот и секојдневниот живот

Иницијативата Стела во соработка со Клуб Комбинати организира дискусија посветена на родовата нееднаквост и предизвиците со кои се  соочуваат жените во професионалниот и секојдневниот живот на 20  септември 2018 г. (четврток), од 18:00h, во Американското Катче во  Струга. Настанот е отворен за сите, а ќе биде обезбеден и превод на македонски и албански јазик.

Главни говорнички се Лидија Мојовска и Анита Латифи и тие ќе говорат за важноста на солидарноста помеѓу жените, за поместување на бариерите во општеството и ќе ја споделат својата животна и професионална приказна.