19/04/2024
Струга

Во Струга ќе се одржи хуманитарен концерт за Сара

Во организација на Play Radio 90.4 FM и Балетското студио „БАX“, во среда, 31.10.2018, во „Центарот за култура Браќа Миладиновци“ – Струга ќе се одржи хуманитарен концерт за Сара. Да му помогнеме на ова 15-годишно девојче од Охрид среќно и во добро здравје да ги доживее убавините што ги носи животот. На концертот ќе настапат: „Студио за танц БАX“, „Балкан џем“, КУД „Илинден“, Анита Мицова, Каролина и Оли Китан. Освен музичкиот дел, за Сара со своја изложба ќе се претстават: Кристина Затуроска со свои фотографии, Билјана Тодороска со своите уникатни рачни изработки и Farina’s Handmade.

Добрите намери и хуманите вредности ќе ги зачиниме со музика и уметност, вие само треба да дојдете и да ја покажете својата хуманост.

Настанот ќе започне во 19:00 часот, а влезниците чинат 100 денари.

Play radio/Strugaonline