28/03/2024
Струга

Во Струга ќе се одржи Информативна сесија за мали грантови од проектот „КриТинк“

Фондацијата Метаморфозис и Евротинк – центар за европски стратегии се обраќаат до заинтересираните локални граѓански организации и медиуми со покана за учество на информативна сесија во врска со Програмата за мали грантови во рамки на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“.

Конкурсот за мали грантови е првиот од двата циклуса на Програмата за мали грантови и е  објавен на 1-ви јуни, а ќе биде отворен до 6-ти јули 2018 година. Во рамките на првиот циклус е предвидено да се доделат 8 грантови со кои ќе се поддржи по еден проект од 8-те плански региони во Македонија. Вкупниот буџет за грантови во првиот циклус изнесува 50.000 евра, односно ќе бидат доделени поединечни грантови во износ помеѓу 5.000 и 7.000 евра. 

Информативната сесија за Југозападниот регион ќе се одржи на 11 јуни (понеделник) 2018, во хотел Дрим, Струга со почеток во 15:30 часот.

Детални информации за проектот и Програмата за мали грантови се достапни на веб- локациите на партнерите и на веб-локацијата на проектот http://crithink.mk/bara-e-za-aplikaciigrantovi-za-gra-anski-organizacii-vo-ramki-na-proektot-kritink/

Основна цел на проектот е да промовира медиумска писменост како основа за зачувување на правото на граѓаните да имаат различни мислења, преку стимулирање на култура за критичко мислење, плурализам на мислења и демократски вредности.

Специфичните цели на проектот се:

– Да се поттикнува култура на критичко размислување преку едукација на општата јавност за штетните ефекти на медиумските манипулации врз демократијата и европските вредности.

– Да се зголемат капацитетите на граѓанските организации и медиумите да се справуваат со медиумски манипулации (вкл. и говор на омраза) преку подобрување на медиумската писменост во содејство со државните институции.

– Да се зголеми побарувачката од граѓаните за поголема отчетност и одговорност на медиумите преку јавно неформално образование, промоција на професионалните стандарди и меѓународните практики за заштита на слободите на мислење и изразување

Со цел да ја приближи и да ја дообјасни Програмата за мали грантови и самиот проект до сите заинтересирани, Метаморфозис и Евротинк организираат информативни сесии во градовите од 8-те плански региони во Македонија.