29/03/2024
Струга

Во Струга ќе се одржи Спортски камп посветен на децата од дијаспората

Во период од 05.08.2019 година до 10.08.2019 година, во Струга, Агенцијата за иселеништво за прв пат од своето постоење ќе го реализира Спортскиот Камп, посветен на децата од дијаспората. Основната цел за реализација на овој Спортски Камп е пред се промоција на земјата пред децата на иселениците и запознавање со нивната татковина и мајчиниот јазик, како и поттикнување на истите за здрав живот и спортска активност уште од најраната возраст.

Децата ќе имаат можност да се стекнат со теоретски и практични искуства и знаења, поврзани со кошарката, ракометот и фудбалот, да другаруваат со професионалните спортисти од Женскиот кошаркарски клуб Струга, Женскиот ракометен клуб Стружанка и Фудбалскиот клуб Караорман и да се стекнат со знаења за здрава исхрана, пренесена од страна на професионални нутриционисти.

Агенцијата за иселеништво и во иднина продолжува со реализацијата на проекти кои се во интерес на иселениците во дијаспората.