28/03/2024
Струга

Во Струга нарушен е јавниот ред и мир со кршење стакла од автосервис

На 15.09.2019 година околу 19:30 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со кршење стакла од автосервис, извршен од И.И.(50) од Струга.

Против него, во согласност со Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе биде поднесена соодветна пријава.