29/03/2024
Спорт

Во Струмица се одигра меѓународниот фудбалски турнир „75 години Гунди“

Струмица и стадионот „Младост“ беа домаќини на меѓународниот фудбалски турнир за деца родени 2009-2010, именуван како „75 години Гунди“.

На турнирот, кој е во организација на Труст „Сина Бугарија“, Бугарскиот културен клуб Скопје (БККС) и ФК Беласица и е во чест на 75-годишнината од раѓањето на легендарниот фудбалер на Левски (Софија) Георги Аспарухов, учество зедоа екипите на Левски и Славија од Софија, Супер Старс (Пловдив), Беласица и Академија Пандев од Струмица, како и Прилеп.

Имаше одлична дружба со екипите и нови познанства. Турнирот се спроведе во формат „Фудбал-5“, секој тим играше против секој учесник на турнирот по еден натпревар од две полувремиња во траење од 10 минути. За победник беше прогласена екипата на ФК Беласица која имаше најмногу поени.

На победникот ФК Беласица беше врачен пехар „75 години Гунди“, а на првите три пласирани екипи беа врачени златни, сребрени и бронзени медали.

Воедно на сите учесници на турнирот им беа подарени јубилејни маици „75 години Гунди“.

Табелата на крајот од турнирот изгледаше вака:

  1. ФК Беласица
  2. ФК Левски
  3. ФК Прилеп
  4. Славија
  5. Академија Пандев
  6. Академија Супер Старс