Во тек е пререгистрација на постоечките картички за движење на возила во стариот дел на градот
Врз основа на утврдениот режим на сообраќај за стариот дел од град Охрид и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила во стариот дел на град Охрид, а со цел граѓаните на овој дел од градот непречено да се движат – Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици ги известува граѓаните од стариот дел од градот дека во тек е пререгистрација на постоечките картички кои ги исполнуваат условите согласно Правилникот.
За навремена и ефикасна пререгистрација на постоечките картички, а со цел непречено движење во овој дел од градот се молат сите жители во што пократок рок да се пријават во Општина Охрид и при тоа со себе да ја носат потребната документација со што би отпочнало нормално функционирање на системот.