19/04/2024
Струга

Во Вевчани приведен жител од Дебар кај кого полицијата пронашла дрога

На 16.10.2020 околу 14.00 часот во с.Вевчани, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга го лишиле од слобода Љ.А.(23) од Дебар, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.