19/04/2024
Охрид

Во возило на охриѓанец пронајдена марихуана

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.В.(20) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 22.09.2020 на крстосница од бул.„Туристичка“ и ул.„АСНОМ“ во Охрид, полициски службеници извршиле контрола во патничко возило во кое пријавениот бил сопатник и при преглед кај него била пронајдена марихуана. На него му била одредена мерка притвор до 30 дена.