25/07/2024
Дебрца

По втор пат одржана манифестацијата „Ѓомлезијада – Годивје 2019”

Денес во дворот на Црквата “Св. Спас” во Годивје по втор пат се одржа културната манифестација “Ѓомлезијада – Годивје 2019”,која во организација на КУД “Дебрца”, а со поддршка и на општина Дебрца.

„Посебно ми е мило што истата се одржува во село Годивје, место кое во изминатиов период стана парадигма, односно симбол на нашата борба за зачувување на еколошката чистота и епската димензија на Дебрца.

Оваа година тринаесет учесници се натпреваруваа во правење на традиционалното ѓомлезе и за одбележување е и тоа што покрај од општина Дебрца имаше натпреварувачи и од соседните општини Охрид, Струга, Вевчани, со што манифестацијата добива регионален карактер.

Честитки за сите учесници, за наградените и секако за организаторот на манифестацијата.

Општина Дебрца останува посветена на заложбата – култура до сите, култура за сите , култура во секој дел на општина Дебрца и за сите граѓани подеднакво.“ – изјави градоначалникот Ногачески по свеченото отворање на манифестацијата.

Притусните ги забавуваа Благоја Грујовски, Татијана Стефановска, Спасе Матлијоски и Прима Бенд.