20/04/2024
Охрид

Во вторник ќе се одржи состанок на надлежните служби со корисниците на урбана опрема

Градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски и претставници на надлежните служби, заедно со претставници на УЈП, Државен пазарен инспекторат и СВР Охрид во вторник (03.04. 2018) во големата сала на општина Охрид ќе одржат работна средба со угостители, тезгаџии и останати корисници на урбана опрема.

На средбата со сите чинители во туристичката дејност кои користат урбана опрема ќе се разговара за проблемите со кои тие се соочуваат и подготвителните активности пред почетокот на туристичката сезона.

Средбата е закажана во 12:00 часот.