29/03/2024
МакедонијаСтруга

Водата од градскиот водовод во Струга и понатаму не е здравствено безбедна за пиење

По денешните контролни анализи (19.10.2017, во 14:15 часот) на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот резидуален хлор (дезинфекционо средство) и матност, што ги изврши Центарот за јавно здравје Охрид, покажаа дека водата од градскиот водовод содржи доволно количество на дезинфекционо средство (резидуален хлор), но матноста е сеуште над законски дозволената и пропишана вредност. Тоа значи дека водата од градскиот водовод во Струга сеуште не е здравствено безбедна за пиење.

Состојбата постојано се следи и јавноста ќе биде известена кога состојбата со квалитетот на водата ќе се нормализира.