29/03/2024
Охрид

Водата во Охридското Езеро е од прва и втора класа

Центарот за јавно здравје Охрид ја изврши вообичаената контрола на квалитетот на водата во Охридското езеро, на мерни места на источниот брег, каде во пресрет на празникот Богојавление-Водици е предвиденото капење во водите на Охридското езеро.

Контролата покажа дека водата спаѓа на I и II (прва и втора) класа и истата може да се користи за капење, спорт и рекреација.

Температурата на водата изнесува 7,6 °C.