19/04/2024
Охрид

Водата во Свиништа, Завој, Куратица, Опеница и Косел не е безбедна за пиење

При извршената редовна контрола на квалитетот на водата за пиење во дел од селските водоводи во општина Охрид извршена на 06 и 7.03.2018 од страна на Центар за јавно здравје Охрид констатирано е дека во селата Свиништа, Завој, Куратица, Опеница и Косел водата за пиење од системот за водоснабдување е без дезинфекционо средство и со матност поголема од законски пропишаната вредност. Според тоа водата за пиење системот за водоснабдување од горенаведените села не е здравствено безбедна за пиење.

Од Центарот за јавно здравје Охрид апелираат жителите во овие села да избегнуваат користење на ваква вода за пиење, а до надлежните кои стопанисуваат со водоводите да преземат соодветни мерки за надминување на проблемот и обезбедат здравствено безбедна вода за пиење.

Центар за јавно здравје Охрид редовно ќе ја следи состојбата и навремено ќе информира за квалитетот на водата за пиење во горенаведените села.

Резултатите од анализата се испратени и до инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство во Охрид за натамошно постапување.