15/07/2025
Охрид

Водовод започна со изведба на нова водоводна линија за комплексот Касарна „Михајло Апостолски“

ЈП ВОДОВОД Охрид започна со изведба на нова водоводна линија за комплексот Касарна „Михајло Апостолски“ во чии рамки од 1-ви Септември 2025 година ќе започне со работа основното училиште „Кочо Рацин“.

Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на целиот комплекс, се поставува цевковод од полиетиленски материјал со профил ф160 мм во должина од 529 метри.

Средствата во вредност од 4.028.536,00 денари, за реализација на проектот се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.


WebOhrid / 21.05.2025 / ЈП Водовод Охрид