28/03/2024
Македонија

Воено-дипломатски турнир „Скопје 2017“ за одбележување на ослободувањето на Скопје, 13. Ноември

Министерството за одбрана и Македонската спортска стрелачка федерација денес во стрелиштето „Камник“ во Скопје организираат го организираат Воено-дипломатскиот турнир во стрелаштво „Скопје 2017“.

Турнирот на кој учествуваат 60 лица се органира по повод Денот на ослободувањето на главниот град, 13. Ноември. Дел од турнирот се заменик-министерот Беким Максути, началникот на ГШ, генералот Методија Величковски, генерали во АРМ и други вработени во Министерствотото и во Армијата, членови на спортската федерација, одбранбени аташеи.

„Скопје имало многу тешка историја, повеќе пати било палено и срамнувано со земја, но неговите граѓани секогаш наоѓале сила и мотивација повторно да го изградат и воздигнат“, рече државниот секретар Драган Николиќ, на отворањето на турнирот. Додаде дека со организацијата на овој настан, Министерството продолжува со праксата на заедничко одбележување на поважни датуми од историјата, во духот на спортот и дружењето.

Учесниците се натпреваруваат во две дисциплини – пукање со пиштол тип Чешка Зброевка, на 25 метри и пукање со автоматска пушка Застава М-70 на 100 метри.