29/03/2024
Охрид

Вонредна дезинфекција на охридските училишта и детската градинка

Согласно препораките и мерките за заштита и превенција  од корона вирусот – Ковид 19,   екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа со вонредна дезинфекција  на  охридските училишта    и објектите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.

Извршена е дезинфекција на сите училници, ходници , канцеларии и помошни простории во овие  установи.

Овие активности се дел од оперативниот план на Локалната самоуправа, а поради зголемениот број на заболени лица  на територијата на општина Охрид.