29/03/2024
Охрид

Вонредни активности за одржување на јавната чистота на повеќе локации

Екипите од ЈП „Охридски Комуналец“ со вонредни активности за одржување на јавната чистота

🧹 Генерално чистење на ул. „Железничка“ и ул. „15-ти Корпус“

Темелно се расчистуваа тротоарите, просторот околу тротоарите, граничниците од коловозите и делот помеѓу двете сообраќајни ленти. Отстранети се наносите од песок и земја, ниската вегетација и подигнат е расфрланиот отпад.

🚜  Расчистена уште една мапирана дива депонија во близина на с.Велгошти

♻ Подигнати големи количини тешко разградлив отпад и сува трска од водите на Охридско Езеро во близина на Холандски Парк


WebOhrid / 14.03.2022 / Општина Охрид