29/03/2024
Спорт

Вонредното Генерално Собрание на ФФМ ќе се одржи на 9 декември во Охрид

На денешната седница во „Куќата на фудбалот“, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за одржување на вонредно Генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија.

Вонредното Генерално Собрание на ФФМ за измени и дополнување на Статутот на ФФМ ќе се одржи на 9 декември 2018 година во Охрид.

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука манифестацијата за избор на најдобри во македонскиот фудбал, „Најдобри во македонскиот фудбал” за натпреварувачката сезона 2017/2018 да се одржи на 21. декември 2018 година.