19/04/2024
Спорт

Воска Спорт 1:0 ГФК Охрид Лихнидос

Во рамките на 17 коло од Втората фудбалска лига – Запад, на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, денес играа Воска Спорт против ГФК Охрид Лихнидос.

Градското дерби му припадна на тимот на Воска Спорт, кој во судиското продолжение (90+3) со голот на Изаир Емини успеа да забележи минимална победа од 1:0.

Воска Спорт се наоѓа на второто место од табелата со 38 бодови, додека пак тимот на ГФК Охрид Лихнидос е на претпоследното 9-то место со 16 бодови.


ВебОхрид / 26.02.2022