Воскресение Христово – Втор ден

Православните верници го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Воскресението Христово во саботата на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, по што, вчера и денеска, се одржуваат воскресенски литургиии.

Велигден е спој на верата и традицијата негувана од памтивек. Почнува на Велики четврток пред изгрејсонце, кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.

Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение.

Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта.

Според Светото предание се смета дека Марија Магдалена, една од жените мироносци прва го започнала овој обичај за велигденските црвени јајца.

Следејќи го нејзиниот пример, првите Христијани започнале да си подаруваат црвени јајца на празникот Велигден и притоа да се поздравуваат Христос Воскресе – Вистина Воскресе!

Извор: maxim.mk