28/03/2024
Охрид

Воскресна богослужба во сите градски цркви по повод Воскресение Христово

Вечерва по повод Воскресение Христово ќе има воскресна богослужба во сите градски цркви со почеток во 23:30 часот.

Утре, недела (8ми април), втора литургија ќе има во црквите „Св.Богородица“-Каменско, и „Св.вмч.Ѓорѓи“-Охрид со почеток во 8:00 часот.

Истиот ден, ќе има вечерна богослужба, Второ Воскресение со читање на светото Евангелие на повеќе странски јазици и делење на велигденски јајца, едноцрквие во црквата „Св.Софија“- Охрид, со почеток во 17:00 часот.