25/04/2024
Струга

Возач удрил во две девојки од Радолишта

На петти март оваа година, околу 17 часот на улица „Пролетерски Бригади“ во Струга, патничко возило „Опел Вектра“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(49) од Струга, удрило во пешаците А.Д.(18) и Л.И (18), двете од струшкото село Радолишта. Од ударот тие се здобиле со повреди и биле префрлени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По укажаната помош А.Д. била задржана на понатамошно лекување, а Л.И. била пуштена на домашно лекување. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.