25/04/2024
Охрид

Вози одговорно, патувај безбедно- превентивни активности на СВР Охрид

Денеска (09.01.) од страна на полициски службеници од Отсек за превенција при СВР Охрид, како и полициски службеници од ПС за БПС, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на подрачјето на Охрид беше спроведена превентивна кампања под мотото – “Биди подготвен за безбедно патување во зима -користи зимска опрема“.

Целта на превентивната активност беше да им се укаже пред се на возачите како непосредни учесници во сообраќајот, односно да се потсетат за задолжителната обврска за поседување на зимска опрема како учесници во сообраќајот, како и околу потребата од прилагодување на зимските услови на патиштата, а во насока на безбедно движење и пристигнување на посакуваната дестинација.

На возачите -учесници во сообраќајот им беа делени едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП со информативна содржина околу законските прописи и сообраќајни правила, во врска со зимската опрема како и за условите на возење при отежнати коловози. Покрај ова, денеска полициски службеници од ПО за БПС-Струга на подрачјето на Струга исто така продолжија со спроведување на превентивно едукативна акција под мотото “Вози одговорно, патувај безбедно“, а во соработка со РСБПС. И во рамките на оваа активност на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина, пред се околу стриктното избегнување на управување со моторно возило доколку се конзумира алкохол, како и за почитување на правилата за ограничување на брзината, а се со цел безбедно одвивање на сообраќајот и зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот.