16/04/2024
Струга

Возило излета од патот и удри во бандера во Мороишта, две лица повредени

На 30.12.2018 година околу 03:25 часот било пријавено дека на регионалниот пат во близина на с.Мороишта патничко моторно возило “Фолсваген голф“ со струшки регистерски таблици управувано од Х.В.(30) од с.Ливада-струшко излетало од коловозот и удрило во бандера.

Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот, а со тешка телесна повреда се здобил сопатникот во возилото Х.Ш.(26) од с.Ливада-струшко, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата “Свети Еразмо-Охрид“. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.