16/04/2024
МакедонијаСтруга

Возило излета од патот, малолетник е тешко повреден

На 23.02.2019 година во 16:20 часот на локалниот пат во населба Теферич во Струга, Ф.Б.(39) од село Шум, струшко, управувајќи патничко возило „Опел астра“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил 15-годишен сопатник од село Шум и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.