24/04/2024
Охрид

Возило излета од патот Охрид – Ресен, повредена 44 годишна охриѓанка

На 20.03.2021 во 19.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистаралниот пат Охрид – Ресен, на околу 700 метри после планинскиот превој Буково, М.С.(44) од Охрид, управувајќи патничко возило „фиат стило“ со охридски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од патот.

Во незгодата, М.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата Св.Еразмо во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.