29/03/2024
Охрид

Возило излета од патот Охрид – Струга, едно лице е повредено

На 16.05.2019 година во 07.45 часот на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на приклучокот за магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „Рено Меган“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.Ш.(37) од Охрид, излетало надвор од коловозот и удрило во дрво. Со тешки телесни телесни повреди се здобила Т.Ш. којашто била пренесена во болницата Св.Еразмо, каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.