28/03/2024
Охрид

Возило излета од патот Вапила-Косел, едно лице повредено

На 31.03.2019 во 19:50 часот на локалниот пат село Вапила-село Косел, охридско, кај место викано „Лозја“, патничко возило „Југо Корал 55“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.В.(74) од Охрид, изгубило контрола и излетало од патот. Притоа, В.В. се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.